Зидан: Бензема во овој момент најдобра „9-ка“ во светот

Од:

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, по денешната победа (3:0) над Атлетик Билбао во 33. коло од шампионатот на Шпанија рече дека напаѓачот Карим Бензема е најдобрата „деветка“ на светот.

– Тој игра подобро отколку што сум го видел откако се вратив во Реал Мадрид. Постигна осум гола по ред, Ова е најдобрата „9-ка“ на светот во овој момент. Не сум изненаден од ова негово постигнување. Знам дека тој е способен за такво нешто, изјави Зидан.

Реал го зазема третото место на табелата во Примера со 64 бода, 13 помалку од лидерот Барселона и четири од второпласираниот Атлетико Мадрид.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска