Жртвите во Белорусија се веќе 4, но фудбалските натпревари остануваат

Од:

Пациентите со коронавирус во Белорусија се веќе 351, 4 починале, а оние во критична состојба се 11. Сепак, локалните власти немаат намера да го запрат фудбалот и да пуштаат фанови на стадионите. Ова го увери генералниот секретар на Федерацијата, Александар Жардетски во интервју за „ЕСПН“ и „Марка“. Два натпревари вчера го започнаа третото коло, а денес средбите продолжуваат.

„Нема причина да се прекине првенството“, вели Жардетски. – Ние ја следиме состојбата секој ден, им веруваме на нашите здравствени работници. На стадионите има лекари кои ги мерат температурите на луѓето и следат какви било симптоми. Одлуката за евентуално сопирање ќе ја донесат самите навивачи“.

Неодамна, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко препорача пиење водка и миење раце со неа.

– Никој не зборува за овој вирус. Луѓето треба да возат трактори и да работат на нивите. Тоа лечи секаков вид вирус, додаде шефот на државата.

Сепак, сите првенства за јуниорите и дамите беа запрени во земјата.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ