Жртви на сексуално насилство бараат компензација од Манчестер Сити

Од:

Скандалот со сексуална злоупотреба на деца во англискиот фудбал продолжува да го прогонува Манчестер Сити.

Осуммина мажи кои се малтретирани од поранешниот тренер на клубот, Бери Бенел, ќе ги тужат „граѓаните“ за обештетување, јави Би-Би-Си.

Тие тврдат дека претрпеле бројни психолошки трауми како резултат на постапките на Бенел.

Седуммина од нив, исто така, бараат компензација затоа што не им се дало можност да се развиваат во фудбалот.

Бенел во моментот издржува казна од 31 година за насилство врз 12 деца на возраст меѓу 8 и 15 години, во случаи регистрирани од 1979 до 1991 година.

Тужителите тврдат дека Сити е виновен, иако Бенел немал договор со тимот и заминува во средината на осумдесеттите.

Двајца од мажите ќе поднесат тужба и против Кру Александриа, каде Англичанецот беше тренер во училиштето на тимот по престојот во Манчестер.

И двата тима негираат одговорност, претстојните барања ќе бидат разгледани, а процесот ќе започне во октомври 2021 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

Полицијата уапси млад штипјанец кој си ја истепал девојката

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Тепачка на скопски Кванташки пазар: Насилник со пиштол истепал познаник

Претепани две жени – тројца мажи им влегле со дрва и шипки во дворот, се заканувале со убиство и при апсењето

Пијан насилник нападнал полицаец во Битола