ЖРК Металург го одбрани Купот

Од:

Ракометарките на ЖРК Металург триумфираа во Купот на Македонија и со тоа го одбранија пехарот освоен претходните три сезони.

Во финалето кое се одигра во салата „Автокоманда“ Металург го победи новиот шампион Вардар СЦБТ со 23:22 (14:8).

Во текот на целиот натпревар ракометарките на Металург беа во водство, но сепак следуваше неизвесна завршница. Најпрво Вардар СЦБТ преку Марина Дмитровиќ во претпоследнта минута изедначи на 22:22, а потоа во следниот напад Металург преку Сања Башиќ поведе со 23:22, што по грешката на Билјана Црвенкоска на 30 секунди до крајот се покажа како решавачки за освојување на пехарот.

За најдобар играч на завршниот турнир беше прогласен Башиќ од Металург, најдобар стрелец е Марија Штерјова од Вардар СЦБТ, додека за најдобар голман е прогласена Тања Андрејева од Металург.

За Металург ова беше 4.ти освоен Куп на Македонија, Кометал Ѓорче Петров има 16 пехари, а Вардар остана на еден од 1994 година.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ