Жителите на Калгари на референдум ја отфрлија кандидатурата за ЗОИ 2026

Од:

Граѓаните на канадскиот град Калгари преку референдумот ја отфрлија кандидатура за организација на Зимски олимписки игри во 2026 година. Повеќе од 300.000 жители гласаа на референдумот, а 56 отсто од нив беа против кандидатурата.

Иако референдумот не е обврзувачки, се очекува 15-члениот градски совет да ја почитува одлуката на граѓаните и да одлучи за повлекување на кандидатурата.

По отфрлањето на кандидатурата на Калгари, Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ќе има само две кандидатури за ЗОИ во 2026 година, оние од шведски Стокхолм и италијанските Милано со Кортина Д’Ампецо.

Поради високата цена на организацијата, швајцарскиот Сион, јапонскиот Сапоро и австрискиот Грац уште порано с еповлекоа од трката, додека ИОК го елиминираше турскиот Ерзурум.

Домаќинот ЗОИ во 2026 година ќе биде назначен во јуни 2019 година.

Последните ЗОИ се одржаа во Пјонгчанг, Јужна Кореја, во февруари оваа година, а домаќин на следните во 2022 година ќе биде кинескиот главен град Пекинг.

Би можело да ве интересира

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Спортистите од Русија и од Белорусија ќе добијат забрана и за Олимписките Игри во Париз?

Лондон го критикува Пекинг за поддршката на Аргентина за суверенитетот на Фолкландските острови

А1он

По првиот викенд во Пекинг – студ и „брутален“ карантин

Ана Ололовска

Лудвиг ја продолжи германската доминација во санкањето

Ана Ололовска