Ждрепката за групите во ЛШ за првпат ќе се одржи без претставници на клубовите

Од:

Ждрепката за групната фаза од Лигата на шампионите и Лигата на Европа ќе биде извлечена во Нион и ќе помине без претставници на клубовите, објави УЕФА.

Извлекувањето првично требаше да се одржи во грчката престолнина Атина на 1 и 2 октомври, но сега треба да се промени поради пандемијата од коронавирус.

– И покрај ефективните активности на грчките власти за ограничување на ширењето на КОВИД-19, сите страни се согласија дека јавното здравје е најважно и според сегашните услови би било невозможно да се организира настан од ваков размер во Атина со прием на гости без да ги крши ограничувањата на настаните во затворено, објави УЕФА.

Ждрепката за групната фаза и прогласувањето на најдобрите играчи и тренери на двата турнира ќе се одржи во седиштето на УЕФА без претставници на клубовите и медиумите, но победниците ќе бидат присутни.

Церемониите ќе бидат пренесувани во живо низ целиот свет.

Би можело да ве интересира

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Ждрепка на Лигата на шампионите: Извлечени спектакуларни двојки во четвртфиналето и полуфиналето

Горан Наумовски

Забрани и ограничувања на ждрепката за ЕУРО 2024

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

А1он

Таткото на Аке почина непосредно по неговиот гол првенец во Лигата на шампиони

А1он