Здружение на прволигаши: Лиценците по стара цена, ако не, нема играње кошарка

Од:

Претставниците на екипите членови на Првата македонска кошаркарска лига, денеска на седница на Здружението на прволигашите (ЗКПЛМ), донесоа одлука дека се подготвени да ги платат лиценците за странските кошаркари, во висина од 250 евра, кои се плаќаат кон ФИБА и ниту денар кон матичната федерација, а доколку Македонската кошаркарска федерација (МКФ) не ја прифати оваа одлука тие се подготвени да не играат кошарка.

Ова е одговорот на неодамнешната суспензија која МКФ ја изрече на дел од клубовите кои не го испрочитуваа претходниот договор со федерацијата, по што изминатиот викенд не беа одиграни два натпревара.

Ова е клучната порака пратена преку соопштението на Здружението на прволигаши, откако ова тело попладнево едвај собра кворум, за неколку часа потоа да испрати цврста и едногласна порака.

Во соопштението меѓу другото се наведува дека, дури и клубовите кои не се суспендирани (шест од вкупно десетте прволигаши) цврсто го поддржуваат овој став и нема да играат на претстојните натпревари од Купот на Македонија (закажани за 1 февруари), а потоа и во следното коло од Првата лига.

Иако, шест од прволигашите ги исполнија договорените обврски со МКФ, сега незадоволството на четирите кои не платија и се суспендирани се користи за бран од ново незадоволство од работата на актуелното претседателство, кое неодамна доби апсолутна поддршка од членовите на Собранието кое е највисок орган на федерацијата.

Воедно во соопштението испратено од Здружението на прволигашите, се наведува и подготвеност за нов состанок со претседателот Петар Наумоски, кој е цврсто решен дека токму зголемените цени на лиценци за странци се вистинскиот начин да се посвети поголемо внимание на домашните играчи. Впрочем, како дел од заложбата за поголема шанса на македонските кошаркари беше и последната одлука на Собранието на кое 25 од 28-те клубови го прифатија предлогот за задолжително присуство на најмалку двајца Македонци на терен во текот на целиот натпревар.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ