Завршуваат квалификациите за Евробаскет 2017

Од:

Ширум Европа денеска ќе се играат натпревари од последното коло во квалификациите за Евробаскетот 2017.

Репрезентациите на Унгарија, Белгија, Русија, Словенија и Црна Гора веќе обезбедија пласман на ЕП, па остануваат уште шест празни места. За нив претендираат првопласираните селекции во групите Б и Д, како и за четирите најдобро пласирани селекции од групите.

Трите второпласирани селекции кои нема да играат на Евробаскетот со петте најдобро пласирани трети селекции ќе бидат дел од квалификациите за Светскиот Куп 2019 година.

Македонија се наоѓа во незавидна состојба по високите порази од Унгарија, Велика Британија. Евентуална обеда за „црвено-жолтите“ против Унгарија ќе донесе сигурно место во квалификациите за Светскиот куп, додека со пораз можно е да испадне ранг подолу.

Двојки за 6.коло и табели по групи:

А група: Исланд – Белгија, Кипар – Швајцарија.
Табела: Белгија 10 бодови, Исланд 8, Кипар 6, Швајцарија 6.

Б група: Холандија – Германија, Данска – Австрија.
Табела: Холандија 9, Германија 8, Австрија 7, Данска 6.

Ц група: Русија – Шведска. Босна и Херцеговина слободна.
Табела: Русија 6, БиХ 6, Шведска 2.

Д група: Португалија – Белорусија, Естонија – Полска.
Табела: Полска 9, Естонија 8, Белорусија 8, Португалија 5.

Е група: Украина – Словенија, Косово – Бугарија.
Табела: Словенија 10, Украина 9, Бугарија 6, Косово 5.

Ф група: Албанија – Словачка, Црна Гора – Грузија.
Табела: Црна Гора 10, Грузија 9, Словачка 6, Албанија 5.

Г група: Унгарија – Македонија, Луксембург – Велика Британија.
Табела: Унгарија 10, Велика Британија 8, Македонија 7, Луксембург 5.

Би можело да ве интересира

Полјаците ги „спакуваа“ Дончиќ и Словенците!

Фонтекио „трагичар“ на Италија, Французите во полуфинале на Евробаскетот

Ниту Јокиќ не е доволен – Италијанците ги „нокаутираа“ првите фаворити Србија!

Црногорците преку Грузија со осминафинален билет на Евробаскет

Литванците со триумф над БиХ се протнаа во осминафиналето на Евробаскет

Заврши Евробаскетот за Адам Ханга