Завршија квалификациите за Светското фудбалско првенство

Од:

Со одигрувањето на синоќешните 26 натпревари завршија квалификациите во европската зона за Светското фудбалско првенство во Бразил 2014 година.

Директен пласман и прво место во групите по одигрувањето на последното коло обезбедија: Русија, Англија, Шпанија и Босна и Херцеговина (прво учество). Претходно тоа го направија: Италија, Холандија, Белгија, Германија и Швајцарија.

Осум од деветте второпласирани селекции ќе имаат уште една шанса преку баражите да стигнат до Мундијалот. Данска како најслабо второпласирана репрезентација веќе ги заврши натпреварите.

Во баражите ќе играат: Хрватска, Шведска, Романија, Исланд, Португалија, Грција, Украина и Франција.

Резултати и табели:

А група: Србија – Македонија 5:1, Белгија – Велс 1:1, Шкотска – Хрватска 2:0.

Табела: Белгија 26 бодови, Хрватска 17, Србија 14, Шкотска 11, Велс 10, Македонија 7.

 

Б група: Бугарија – Чешка 0:1, Данска – Малта 6:0, Италија – Ерменија 2:2.
Табела: Италија 22, Данска 16, Чешка 15, Бугарија 13, Ерменија 13, Малта 3.

Ц група: Фарски Острови – Австрија 0:3, Република Ирска – Казахстан 3:1, Шведска – Германија 3:5.
Табела: Германија 28, Шведска 20, Австрија 17, Република Ирска 14, Казахстан 5, Фарски Острови 1.

Д група: Унгарија – Андора 2:0, Романија – Естонија 2:0, Турција – Холандија 0:2.
Табела: Холандија 28, Романија 19, Унгарија 17, Турција 16, Естонија 7, Андора 0.

Е група: Кипар – Албанија 0:0, Норвешка – Исланд 1:1, Швајцарија – Словенија 1:0.
Табела: Швајцарија 24, Исланд 17, Словенија 15, Норвешка 12, Албанија 11, Кипар 5.

Ф група: Азербејџан – Русија 1:1, Израел – Северна Ирска 1:1, Португалија – Луксембург 3:0. Табела: Русија 22, Португалија 21, Израел 14, Азербејџан 9, Северна Ирска 7, Луксембург 6.

Г група: Грција – Лихтенштајн 2:0, Литванија – БиХ 0:1, Летонија – Словачка 2:2.
Табела: БиХ 25, Грција 25, Словачка 13, Литванија 11, Летонија 8, Лихтенштајн 2.

Х група: Англија – Полска 2:0, Црна Гора – Молдавија 2:5, Сан Марино – Украина 0:8.
Табела: Англија 22, Украина 21, Грна Гора 15, Полска 13, Молдавија 11, Сан Марино 0.

И група: Франција – Финска 3:0 и Шпанија – Грузија 2:0.
Табела: Шпанија 20, Франција 17, Финска 9, Грузија 5, Белорусија 4.

Извлекувањето на двојките за баражите ќе се одржи на 21 октомври во Цирих.

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он