Заврши Балканското првенство во пинг-понг што се играше во Скопје

Од:

Со церемонијата за прогласување на победниците во поединечна конкуренција и во конкуренција на двојки, вчера во Скопје свечено беше затворено досега најмасовното Балканско првенство во пинг понг за млади играчи, на кое вкупно учествуваа 12 држави со повеќе од сто дваесет играчи.

Најуспешна на Балканското првенство е Романија, која освои вкупно четири медали во екипна конкуренција (3 златни и 1 сребрен), шест медали во поединечна конкуренција (3 златни, 2 сребрени и 1 бронзен медал) и осум медали во конкуренција на двојки (4 златни, 3 сребрени и 1 бронзен медал).

По Романците најуспешни беа Турција и Србија, а во државите кои освоија медали се вбројуваат уште, Бугарија, Босна и Херцеговина и Италија.

Од македонските претставници во поединечна конкуренција најдобро се пласираа Ана Стојановска и Бојана Михајловска членки на јуниорската репрезентација, кои ја поминаа групната фаза на натпреварите, но беа поразени во првиот круг од натпреварите во системот на директни елиминации.

Во рамките на Балканското првенство беше одржан и конгресот на Балканската пинг понгарска унија. На конгресот е донесена одлука Балканското првенство во сениорка конкуренција во 2020 година да се одржи во Албена, Бугарија.

Годинешниот караван на Балканската пинг понгарска унија продолжува во Црна Гора, каде што на крајот на јули и почетокот на Август во Подгорица, ќе се одржи Балканското првенство за сениори.

Би можело да ве интересира

Прогласени победниците во екипна конкуренција на ИТТФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска

Преку 100 играчи од 18 држави на ИТТФ челенџ турнирот во Скопје

Ана Ололовска

Во Скопје почна ИТТФ турнирот во пинг-понг

Ана Ололовска

Прв турнир во С. Македонија под покровителство на Светската Пинг понг федерација (ИТТФ)

Ана Ололовска

Повик за подмладување на пинг-понгарската фела во Крива Паланка

Ана Ололовска

Деветто место за Лука Стојчев на меѓународен турнир во Унгарија

Ана Ололовска