Започнува Вимболдон, Ѓоковиќ ја брани титулата

Од:

Во понеделник започнува најстариот и најпрестижниот тениски турнир на светот, Вимболдон, каде титулата ја брани Новак Ѓоковиќ.

Вимболдон е третиот Грен Слем во сезоната, по Австралиан Опен и Ролан Гарос, единствем кој се игра на трева, а се одржува шест недели пред првиот понеделник во август.

Трае две недели, а покрај натпревањувањата во поединечна конкуренција, се игра и во двојки.

Најуспешниот тенисер е Американецот Пит Сампрас со седум освоени титули, а Швајцарецот Роџер Федерер има шест. Во 2009-та година последен пат го освои Вимболдон.

Меѓу жените, најуспешна е Мартина Навратилова со 20 титули, од кои девет на Вимболдон.

Оваа година титулата на брани Петра Квитова.

Наградниот фонд годинава изнесува 16.060.000 фунти, односно зголемен е за 10%. За победникот одделени се 1.150.000 фунти, а за финалистите 575.000 фунти.

Вимболдон е турнир кој е познат по строгите правила во облекувањето на тенисерите, јагодите со шлаг кои се наменети за публиката и кралското семејство, како и отсуството на реклами околу теренот.

Централниот терен во 2009-та година доби и движечки покрив, за да нема одолговлекување и прекинување на натпреварите во текот на турнирот.

Првиот шампионат на Вимболдон е одржан 1877. година.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ