Започна пријавувањето за вториот ноќен турнир во кошарка во Делчево

Од:

Советот на млади на Општина Делчево и ова лето организира ноќен турнир во баскет кој ќе се одржи кон во втората половина на овој месец.

За таа цел од општината ги информираат сите екипи кои планираат да бидат дел од овој настан, да се пријават за учество, најдоцна до 15 јули оваа година.

Претседателот на Советот на млади, Никола Тренчевски, истакна дека целта на турнирот и годинава е збогатување на спортскиот живот во Делчево.

– По втор пат во Делчево се организира ноќен турнир во баскет. Лани успеавме да анимираме поголем број млади, имавме екипи од целата држава, вредни награди за најдобрите, а верувам дека оваа година, организациски ќе бидеме уште подобри. Нашата цел е да го збогатиме спортскиот и културниот живот на младите во Делчево во овој летен период, а организацијата на еден ваков турнир го дава сето тоа, дружење, натпреварување и забава за младите, рече Тренчевски.

Додаде дека заинтересираните за учество во натпреварувачкиот дел, може да се пријават во архивата на Општина Делчево или на јавно објавениот настан на социјалните мрежи.

И оваа година, според предвиденото, за најдобрите три екипи ќе бидат доделени парични награди.

Би можело да ве интересира

Тодоров стави 24 играчи на поширокиот список

Ана Ололовска

МЗТ Скопје добива и женски прволигаш

Ненад Димитријевиќ најдобар македонски кошаркар за 2019 година

Ана Ололовска

Тодоров: Спортски гледано Естонија ни е шанса за пласман на ЕП, од неспортски аспект тоа е суспензија на Русија

Ана Ололовска

Александар Тодоров нов селектор на македонската кошаркарска репрезентација

Ана Ололовска

Гостивар и Еуро Никел добија дербија и го следат МЗТ Скопје