Загреб прв финалист на завршниот турнир во СЕХА лигата

Од:

Хрватскиот ракометен шампион Загреб Кроација Осигурање е првиот финалист на „Фајнл фор“ турнирот од регионалната СЕХА лига што се одржува во Скопје.

Предмалку во СЦ „Борис Трајковски“ Загреб КО го совлада белорускиот претставник Брест Мешков со 29:32. На полувреме Белорусите водеа со 17:16, но во вторите 30 минути хрватскиот тим заигра поагресивно во одбраната, а ја задржаа и ефикасноста во нападот што резултираше со конечен триумф.

Вечерва од 19 часот во второто полуфинале ќе играат македонските екипи Металург и Вардар Про. Во лигашките натпревари двете екипи остварија по една победа, но Металург на овој турнир ќе настапи ослабен без повредените Дејан Манасков, Филип Миркуловски, додека неизвесено е учеството на Велко Маркоски.

Во недела од 19 часот ќе се игра финалето, додека за 3.место во терминот од 17 часот ќе играат Брест Мешков и поразениот од второто полуфинале.

Пехарот ланската сезона го освои Вардар Про.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ