Загреб последен четвртфиналист во ракометната Лига на шампиони

Од:

Екипата на Загреб направи големо изненадување синоќа во Манхајм со елиминацијата на германскиот првак Рајн-Некар Левен во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Хрватскиот шампион предводен од тренерот Веселин Вујовиќ и покрај поразот на првиот дуел во Загреб (23:24), во реваншот успеа да слави победа со два гола разлика 31:29 и на тој начин да ги сруши амбициите на екипата за која настапува македонскиот репрезентативец Борко Ристовски.

Лука Шебетиќ и Стефан Вујин постигнаа по пет гола за Загерб, но јунак кај хрватската екипа беше екс вардарецот Добривоје Марковиќ кој со голот постигнат на 15 секунди до крајот го однесе Загреб меѓу осумте најдобри.

Познати се двојките за четвртфиналната фаза:

Вардар – Веспрем,
ППД Загреб – ПСЖ,
Кил – Барселона и
Флензбург – Киелце.

Првите натпревари од четвртфиналето ќе се играат во периодот од 20 до 24 април, а реваншите од 27 април до 1 мај.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ