Загреб победник во СЕХА лигата

Од:

Хрватскиот ракометен шампион Загреб Кроација Осигурање е победник во регионалната СЕХА лига за сезоната 2012/13.

Вечерва во финалето на „Фајнл фор“ турнирот што се одржуваше во СЦ Борис Трајковски во Скопје, Загреб го победи Вардар со 25:24, по продолжение од 10 минути. Основните 60 минути завршија нерешено 21:21.

По почетното водство од 3:0 за „црвено-црните“, гостите фатија резултатски приклучок, а во 21 минута ги имаа највисоките плус два (9:7) во првото полувреме кое сепак заврши со водство на вардарци од 11:10.

Вторите 30.минути донесоа изедначена игра и драматична завршница во која Хрватите влегоа со големи шанси за конечна победа, но македонскиот тим со голот Немања Прибак буквално во последната секунда донесе продолженија.

Во дополнителните двапати по пет минути гостите имаа и три голови предност, но Вардар го имаше последниот напад во кој не успеа да изедначи. Со овој пораз избраниците на тренерот Веселин Вујовиќ не успеаја да го одбранат шампионскиот трофеј освоен минатата (прва) сезона во ова натпреварување, токму на теренот на вечерашниот противник.

Најефикасни во нашиот состав беа Игор Караџиќ со пет и Владимир Петриќ со четири голови, додека кај Загреб Лука Степанчиќ и јерко Матулиќ забележаа по седум погодоци. Новиот спонзор на СЕХА лигата, рускиот енергетски гигант „Газпром“ обезбеди парични награди во вредност од 35 илјади евра за победникот и 10 илјади евра помаку за поразениот финалист.

Претходно се одигра и натпреварот за 3.место кое му припадна на вториот македонски претставник, Металург по победата против Брест Мешков од Белорусија со 26:21.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ