За смртта на Марадона ќе одговара и неговата психијатарка

Од:

Аргентинските истражни органи покренаа обвинение и против психијатарот на Диего Марадона, Агустина Косачов, во рамки на истрагата за смртта на еден од најдобрите светски фудбалери во историјата.

Информацијата за аргентинските медиуми денеска ја соопшти адвокатот на Косачов, Вадим Мичанчук.

– Се води истрага против неа, што значи дека е покренато обвинение, изјави адвокатот за телевизијата „Todo Noticias“.

Аргентинската фудбалска легенда посетуваше психијатар за лекување на зависноста од алкохол, а според медиумите, последната средба меѓу Косачов и Марадона била откако тој беше пуштен од болница по операцијата на хематом во мозокот.

Аргентинското Обвинителство во неделата покрена обвинение и против личниот лекар на Марадона, Леополд Луке, кој се товари за убиство од небрежност.

Би можело да ве интересира

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Почина братот на Марадона

А1он

Обожавател на Марадона, и третото дете го крсти по својот миленик

Кубанката Алварез сведочеше дека била силувана од Марадона кога имала 16 години

Ана Ололовска

Статуа на Марадона на стадионот во Неапол

А1он

ВИДЕО: Марадона бил во врска со 16-годишно девојче, ја дрогирал и ја чувал заклучена

А1он