За секое забивање или тројка, Лендејл ќе донира по 100 долари за Австралија

Од:

Кошаркарот на Жалгирис, Џок Лендејл, ќе донира по 100 долари за секое забивање или тројка на утрешниот меч против Реал Мадрид во Евролигата како помош за неговата родна Австралија која е погодена од катастрофални пожари.

Лендејл, кој е роден во Мелбурн, оваа сезона бележи просек од 10,8 поени и 4,1 скок по натпревар за литванскиот тим.

„Сакам да ја искористам прилика и да помогнам на заедниците во Австралија. Се надевам дека ќе предизвикам реакција и кај останатите колеги да помогнат“, рече Лендејл за клупската телевизија на Жалгирис.

Мечот меѓу Жалгирис и Реал е утревечер во Мадрид.

Денеска, донација во висина од 750 илјади долари за својата татковина собраа австралиските кошаркарки од НБА-лигата.

Би можело да ве интересира

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча

Земјотрес во Австралија, епицентарот бил на 65 километри од Сиднеј