За Клоп, Лигата на нации е безначаен турнир

Од:

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека Лигата на нациите е безначаен турнир. Тој, исто така, изрази надеж дека играчите ќе се вратат во клубот неповредени.

-Лигата на нациите е најбезначајниот турнир во светот. Треба да почнеме да размислуваме за играчите. Селекторите можат да ги повикаат, тие се должни да се јават во националните тимови. А време за одмор. За тоа никој не мисли. Фудбалерите не треба да ги третираме како машини. Се надевам дека сите играчи ќе се вратат во тимот здрави и подготвени да учествуваат во шампионатот и Лигата на шампионите, рече Клоп.

Лигата на нациите е нов турнир за репрезентации, кој има за цел – да се подигне интересот кој во последно време опадна за пријателските натпревари. исто така УЕФА сака да го задржи интересот и на спонзорите.

Преку овој турнир може да се обезбеди место на Европското првенство 2020.

Турнирот е поделен на четири дивизии во согласност со рејтингот на репрезентациите учеснички.

Би можело да ве интересира

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Ливерпул го освоија англискиот Лига куп

ВИДЕО: Огромен пожар во Ливерпул, се запали зграда која може да се урне

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски

Сензација на повидок: Мбапе во Ливерпул

Предраг Петровиќ