Вујин: Ги воочивме грешките од првиот меч со Киелце, во Полска одиме на победа

Од:

Десниот бек на Вардар, Марко Вујин, верува дека неговиот тим може да оствари добар резултат на гостувањето во Киелце.

„Црвено-црните“ пред пет дена загубија на домашен терен и сега сакаат да се реваншираат на гостувањето во Полска.

– Киелце е силен противник. Тоа го видовме и кај нас пред неколку дена. Вистина е дека без навивачите домашниот терен не е некоја предност и нема некоја голема улога за екипа која е домаќин. Ние одиме во Киелце со одработени неколку тренинзи меѓу двата натпревара. Направивме видеоанализа на нивната игра. Ги воочивме грешките што ги направивме на првиот меч. Се надевам дека тоа ќе го исправиме и ќе успееме да направиме позитивен резултат. Тие се врвен тим, но и ние исто така. Сакаме да победиме, па ќе видеме што ќе се случи, изјави Вујин.

Натпреварот Киелце – Вардар е закажан за утре (25 ноември) со почеток во 20.45 часот.

Би можело да ве интересира

Борко Ристовски е нов извршен директор на РК Вардар, Столе Стоилов помошник тренер

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Манасков се врати во Вардар

Дибиров: Сакав да останам во Вардар, но ситуацијата стана мачење

Вардар не го дава ракометниот трон на Македонија

Катерина Ѓуровски