Екипите на Индијана и на Оклахома го забележаа победите број 2 во конференциското полуфинале од НБА плеј-офот. Поуспешните на ноќешните дуели водат со 2-1 во серијата прв до четири победи.
Индијана беше подобра од Вашингтон на третиот меѓусебен дуел во раигрувањето за титулата. На гостински терен беше убедлива со 85:63. Пол Џорџ со 23 поени и 8 скокови беше предводник до победата на неговиот тим.
Победа на теренот на противникот за водство од 2-1 оствари и Оклахома Сити против ЛА Клиперс со 118:112. Кевин Дјурант со 36 поени беше најдобриот кошаркар на теренот. Кај Клиперс се истакна Блејк Грифин со 34 поени.
Вечерва се играат натпреварите: Бруклин – Мајами (0-2 победи) и Портланд – Сан Антонио (0-2).