Втора победа за Мартин Делев на втората трка на TWINGO CUP

Од:

Мартин Делев е победник на денешната втора трка што се одржа на патеката во Кичево во рамки на TWINGO CUP.

Тој до својот втор триумф сезонава дојде со вкупно време од 28:15.846. На победничкиот подиум се искачи и Давид Малинковски, кој финишираше на втората позиција со задоцнување од 0.356 секунди, додека трет беше Емил Нацка.

Ангелчо Стојковски беше четврти, а до седмата позиција се пласираа Слободан Трајковски, Иван Стефановски и Ненад Костовски.

Сашо Кочевски не ја стартуваше трката, додека пак Томислав Трајковски излета на двојната десна кривина во деветиот круг и не беше во можност да ја продолжи трката.

На патеката во Кичево имаше лоши временски услови, па затоа сакаме да им се заблагодариме на натпреварувачите кои го прифатија предизвикот да возат на влажна патека и при вакви услови да го покажат својот тркачки талент.

На крајот од секоја сезона победниците, односно за првите три места се предвидени парични награди, додека пак на крајот од третата сезона како главна награда на TWINGO CUP е 100% електричното возило Renault TWIZY.

Би можело да ве интересира

Давидовски ќе стартува од прв ред на последната трка од светско

Ана Ололовска

Вуков го скрши малерот во квалификациите, оптимистички ја најави трката во Мизано!

Ана Ололовска

Давидовски ќе стартува прв во Франција: Имам доверба во тимот!

Ана Ололовска

Давидовски ја стартува петтата сезона во ТЦР Европа

Ана Ололовска

Ботас ќе настапи на Трката на шампиони за прв пат во кариерата

Ана Ололовска

Нови бодови за Рико Вуков во „Порше Карера купот“

Ана Ололовска