Втора победа за Македонија на СП во Катар

Од:

Македонија ја запиша втората победа на 24. Светско ракометно првенство во Катар со 33:31 против селекцијата на Иран.

Кире Лазаров беше најефикасен во нашиот состав со 9 постигнати погодоци и беше прогласен за играч на натпреварот иако првите 20 минути не ги одигра, потпомогнат од Прибак со 5, Недановски со 4 погодоци.

Хрватска е исто така 100-отстотна во оваа група, откако попладнево славеше над Тунис со 28:25.

Следува еден ден пауза, а потоа натпреварот против БиХ од 17:00 часот во понеделник.

Би можело да ве интересира

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa