Втор пораз на МЗТ во АБА 2 лигата

Од:

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го претрпеа вториот пораз сезонава во регионалната АБА 2 лига. Македонскиот шампион беше поразен од Хелиос санс во Домжале со 76:78, и сега има пет победи и два порази по седум кола.

„Металците“ по изедначеното прво полувреме, одиграа многу лошо во третиот период, кога се најдоа во негатива од 13 поени разлика, но го надоместија минусот и влегоа во изедначена завршница, во која домашните беа поснаодливи и посреќни.

Бекот Џабари Хиндс кој ги врати аеродромци во живот, можеше да биде јунак на МЗТ, но промаши шут за два поени на 7 секунди до крајот, при водство на Хелиос од еден поен разлика. Следниот настап на МЗТ во втората АБА лига е на 21 ноември во „Јане Сандански“ против босанскиот Широки.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он