Врвот Голема Вртешка дел од маршрутата на ПСК „Голак“ Делчево

Од:

Членови на Планинарскиот спортски клуб „Голак“ викендов реализираа планинарска маршрута еден од највисоките врвови во Истокот, врвот Голема Вртешка. Иако експедицијата броела 12 членови поради лошото време, како што информираше Претседателот на клубот Љупчо Чучуковски, вкупно осум планинари успешно ја реализирале маршрутата.

– Планинарски-спортски клуб Голак организираше планинарска тура за посета на Црничките мелови (Бедленд), како и за искачување на врвот Голема Вртешка кој со своите 1853 метри надморска висина е еден од највисоките во овој дел од Македонија, но за жал речиси непознат за планинарите. Поради лошите временски услови кои изобилуваа со доста засилен ветар, пропратен со густа магла и многу мала видливост, како и длабок снег од врвот Мала Вртешка до врвот Голема Вртешка, вкупно осум планинари го искачија врвот, додека 4 планинари мораа да се вратат назад, истакна Чучуковски.

Маршрутата како што додаде почнала од село Црник на 850 метри надморска висина.

– Притоа со маршрутата беа опфатени Црнички мелови (Бедленд) на 1093 метри надморска висина се до врвот кој се наоѓа на самата гранична линија со Р. Бугарија, во вкупна должина од 17.6 километри во двата правци. За нас Голема и Мала Вртешка се многу важни врвови, бидејќи и покрај тоа што врвовите се наоѓаат административно во Општина Пехчево, сепак географски се наоѓаат во нашата област Пијанец (Делчевска), односно од таму започнува нашата област од јужната страна, додаде Чучуковски.

Меѓу останатото како што додаде, целта на посетата на делчевските планинари била и промоција и посета на природниот феномен Црнички мелови.

Би можело да ве интересира

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Македонски планинари го искачија Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Америка

Евакуирани се планинарите кои останаа заглавени во Националниот парк Триглав

Трајно укината станицата над Богомила оти возот губел залет на угорнина: Жителите под Солунска глава и планинарите останаа без превоз

Орце Костов

Стотина планинарки и планинари се искачија на Димев Врв на Пелистер

Ана Ололовска

Планинарски марш на Пелистер во чест на Димитар Илиевски Мурато

Ана Ололовска