Врвен клуб од Премиер лигата го доведува Диего Коста, пишуваат британски медиуми

Од:

Доскорешниот напаѓач на Атлетико Мадрид, Диего Коста, е пред трансфер во елитен клуб од Премиерлигата, јави денеска „Скај спорт“.

Според британскиот телевизиски канал, името на заинтересираниот клуб се уште не се соопштува, но станува збор за екипа од „Топ 6“ во англиското првенство.

Обврските на Коста кон Атлетико Мадрид завршија на крајот од минатата година и бразилскиот напаѓач може без обесштетување да направи трансфер.

Се претпоставува дека за неговите услуги се заинтересирани Вест Хем или Лестер.

Коста од 2014 до 2017 година го носеше дресот на Челзи, постигнувајќи 52 голови на 89 натпревари за лондонскиот премиерлигаш.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ