Вонземско забрзување на „Тесла С П100Д“ за само 2,28 секунди

Од:

Автономниот електричен автомобил „Тесла Модел С П100Д“ постигна нов рекорд на забрзување од нула до 100 километри на час.

Во последниот тест што го изврши „Мотор Тренд“ користен е овој модел на „Teсла“ брзината од 100 километри на час (60 милји на час) го постигна за вртоглави 2,28 секунди.

Според „Мотор Тренд“, „Модел С П100Д“ е прв комерцијален патнички автомобил кој достигнал брзина од 100 километри на час за помалку од 2,3 секунди. Со тоа „Тесла“ постигна подобро забрзување од „Порше 911 Турбо С“ и „Ферари Ла Ферари“

Последната софтверска надградба е извршена во декември 2016 година, а пред тоа „Тесла Модел С П100Д“ можел да постигне забрзување до „стотка” за 2,4 секунди. По надградбата Елон Муск вети забрзување од 2,34 секунди, што значи дека резултатите ги надминаа очекувањата на директорот на компанијата.

Оваа верзија на „Тесла Модел С П100Д“ чини 126.000 евра. За споредба, „Порше 922 Турбо С“ чини 176.000 евра, додека „Ла Ферари“ 1,6 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска