„Волво С90“ од Кина со воз ќе пристигнува во Европа

Од:

Првите примероци од новиот модел „С90“ на компанијата „Волво“ се испратени на долг пат со воз од Далечниот Исток до купувачите во Европа.

„Волво“ постепено го сели производството на својата најголема лимузина од Шведска во Кина. Наскоро дури и Швеѓаните кои сакаат да го купат овој автомобил, нарачаното возило ќе добиваат од кинеската фабрика во Дакинг.

Првите примероци од моделот „С90“ од овој погон во Кина тргнаа на пат за Европа со воз, а не со брод, како што се очекуваше. „Волво“ е првиот производител на автомобили што своите возила од оваа земја на европски континент ќе ги транспортира по копнен, место по воден пат.

Една од причините за ваквата одлука на компанијата е скратеното време за транспорт на автомобилите, а со тоа и чекањата на купувачите за своето возило. На овој начин, автомобилите на „Волво“ на пат за Европа ќе минат само третина од времето во однос на тоа колку би траел истиот пат со брод.

Покрај тоа, транспортот со воз значително ќе придонесува и за намалување на емисиите на јаглен-диоксид во споредба со бродскиот превоз.

Секој од овие возови ќе транспортира по околу 225 автомобили на „Волво“ од фабриката во Дакинг до пристаништето Зебруг, во близина на Бриж, во Белгија, а возилата во текот на патувањето ќе се наоѓаат во специјални контејнери.

На почеток, од Кина на пат за Европа ќе се движи само по еден воз неделно.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска