Новиот најмал кросовер во гамата на „Волво“ ќе ја има етикетата „ ХЦ 20“.
Производителите на премиум автомобили во последно време ја шират својата дејност и врз сегментотот на мали патнички возила. „Ауди“ отиде најадалеку во тој правец со својот модел „А1“ и од неодамна со претставениот кросовер „Q2“.
Со оглед на тоа дека кросовер/СУВ моделте се се побарани, и другите производители на луксузни авотмобили размислуваат на купувачите да им понудат мали „урбани теренци“. Од компанијата „Волво“ неодамна навестија дека овој производител по моделот „ХЦ40“, може да направи уште помал модел „ Волво ХЦ20“.
– Технички, не е никаков проблем да се направи „ХЦ20“, затоа што нашата механичка модуларна платформа (СМА) може да се намали, изјави шефот на одделението за развој во „Волво“, Хенрик Грин.
Инаку, платформата СМА (Compact Modular Architecture) е развиена за потребите на новата генерација компактни модели на „Волво“ од серијата 40, од кои на почетокот треба да се појави „ХЦ40“, а потоа и новиот „В40“’.