Волшебникот Лука Дончиќ донесе триумф за Словенците против Франција

Од:

Неверојатниот Лука Дончиќ ја предводеше Словенија до триумф (88:82) против Франција во дуелот за првото место во групата Б од Евробаскет. Постигна 47 поени, една „луда тројка“, делеше асистенции, нижеше скокови. На крајот, можеби Чанчар ги постигна решавачките поени за да го скрши отпорот на Французите во финишот од мечот.

Франција почна подобро, но се загреа Дончиќ, па Словенците го комплетираа првиот период со еден поен позитива. На полувреме зголемија на четири поени предност (44:40).

Франција возврати во третата четвртина и во последните десет минути се влезе во егал. Сепак, Дончиќ и друштвото беа поснаодливи и на крајот остварија важна победа.

Лука Дончиќ имаше 47 поени, седум скока и пет асистенции, а играше безмалку 39 минути. Кај Французите, Руди Гобер имаше ефект од 19 поени и осум скока.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дончиќ ја одигра партијата на кариерата, постигна 73 поени

Лука Дончиќ ќе ги плати погребите на жртвите од масакрот во Белград

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Лука Дончиќ го „начека“ Букер: На секунда до тепачка на теренот

Горан Наумовски

Дончиќ повторно со над 50 поени, Далас едвај во тексашкото дерби

Трипл-дабл со 60 поени, историски натпревар за Лука Дончиќ

Горан Наумовски

Неверојатен натпревар на Лука Дончиќ за 49. трипл-дабл во кариерата