Во завршна фаза е реконструкцијата на спортската сала во Македонска Каменица

Од:

Во Македонска Каменица во завршна фаза е целосната реконструкција на спортската сала. По замената на системот за затоплување и на подот, како што информираат од општината, во тек е уредување на трибинскиот дел, а целосно е завршена заменета и на надворешната столарија од објектот.

Градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, која денеска изврши увид во градежните работи во објектот, истакна дека станува збор за инвестиции вредни приближно 5,4 милиони денари.

– Најголемиот дел од средствата се обезбедени од буџетот на Општината, а дел од средствата се обезбедени преку Министерството за образование и наука. Со реконструкцијата на спортската сала, општина Македонска Каменица добива објект со сосема поинаков и модерен лик, со што пред се ќе биде подобрен квалитетот на наставата во Основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“, а ќе бидат обезбедени високи стандарди за натпреварување и тренинг на спортските клубови од нашиот град, рече Стаменкова.

Таа додаде дека со целосната реконструкција на спортската сала и изградбата на новото повеќенаменско спортско игралиште во училишниот двор, со прва поставена спуртон подлога во државата и најсовремена ФИБА стандардизирана опрема, се покажува дека како локална самоуправа интензивно работат на подобрувањето на условите за развој и партиципирање на спортот кај младите во градот.

На прес конференцијата, Стаменкова посочи дека ова се први посериозни инвестиции на општина Македонска Каменица за подобрување на условите за одржување на спортски натпревари и спортска настава.

Спортската сала во Македонска Каменица е изградена во почетокот на осумдесетите години на минатиот век. Освен вршење на ситни поправки на оштетувањата, спортската сала досега како што истакнаа од Општината воопшто не е реновирана или санирана.

Би можело да ве интересира

Од понеделник во училиштата во Македонска Каменица ќе се интонира државната химна

Загина моторциклист во близина на Македонска Каменица

Пријава за поткуп за глас во Македонска Каменица

А1он

Сообраќајот кон Делчево и Каменица се пренасочува поради одрони

Жарко Настоски

Нормализиран собраќајот на регионалниот пат Делчево – М. Каменица

Жарко Настоски

Граѓанско учество во креирање на општинскиот буџет во Македонска Каменица

Ана Ололовска