Во Реал очекуваат 70 илјади луѓе на презентацијата на Азар

Од:

На стадионот „Сантијаго Бернабеу“ утре Реал Мадрид ќе го промовира големото засилување Еден Азар. Според „Марка“ мадридскиот клуб очекува повеќе од 70 илјади луѓе за овој настан.

Толку навивачи на Реал дојдоа и во 2009 година на презентацијата на Кристијано Роналдо.

Еден Азар во Реал пристигна од Челзи. За „сините“ од Лондон играше од 2012 година. Во овој период, напаѓачот настапи на 352 натпревари, постигна 110 гола и забележа 92 асистенции.

Азар со Челзи стана двократен шампион во Англија, двократен победник во Лигата на Европа, како и победник на Лига купот и ФА купот.

Во сезоната 2014/15, Азар беше прогласен за најдобар играч во Премиер лигата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска