Во Прилеп 4. Ултрапланински маратон „Krali Marko Trail“

Од:

По повод празникот 11 Октомври по четврти пат Прилеп денеска го организираше меѓународниот ултра планински маратон „Krali Marko Trail“. На двете планински трки од 64 и од 16 километри учествуваат околу 200 натпреварувачи од 12 земји.

Стартот на трката од 64 километри беше во 8 часот, а онаа на 16 километри почна од 10 часот, и двете од пред Амфитеатарот во населбата Варош под марковите кули. На истото место натпреварувачите треба и да ја завршат трката.

Трајче Панковки од организацискиот одбор истакнува дека трката станува секоја година поатрактива за поголем број учесници од светот.

– Многу добро котирама со трката во Меѓународната асоцијација на тркачи. Подолгата трка носи 2 поени во светска конкуренција, вели Панковски.

Според градоначалникот Марјан Ристески, околината на Прилеп нуди многу можности за алтернативните спортови и туризмот.

– На оваа трка има учесници од Србија, Бугарија, Хрватска, Турција, Германија, Белгија, Холандија, од Македонија, САД, од Италија и од Обединетите арапски емирати, вели Ристески.

Висинската разлика во трката од 64 километри е 3.000 метри, а за онаа од 16 километри е 830 метри.

Учесниците велат дека трката им е вистинско доживување.

– Јас сум прв пат тука на оваа трка и мислам дека воопшто нема да биде лесна, вели Моазес Остер, учесник од Турција.

– Потребно е добро да се подготвиш, да ја знаеш рутата, посочува Аида Отмен, учесник од Дубаи.

Прогласувањето на победниците од трката на 16 километри е во 17 часот, а најдобрите тркачи на 64 километри во 20 часот. Учесниците и гостите ќе ги забавуваат групите „Келија 9“ од Скопје и „THE HOUNDS“ од Прилеп.

Би можело да ве интересира

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он