Во падот на авионот на Алпите загина најголемата навивачка на Валенсија

Од:

Меѓу загинатите 150 патници и членови на екипажот во падот во француските Алпи на авионот „Airbus 320“ на летот од Барселона за Диселдорф е и најголемата обожавателка на шпанскиот фудбалски прволигаш Валенсија, објави клубот на својата официјална интернет страница.

„Фудбалскиот клуб Валенсија го изразува своето сочувство во врска со авионската несреќа во француските Алпи. Потврдено е дека меѓу загинатите е Соња Серсек, големата навивачка на Валенсија. Соња заедно со сопругот Оливер беше голем обожавател на нашиот клуб. Секогаш ја посетуваа ‘Месталја’, а исто така ја следеа екипата на гостувањата во Германија и централна Европа“, се вели во соопштението на страницата на еден од најпостојаните членови на шпанската Примера.

„Од името на клубот, извршниот претседател Амадео Салво контактираше со нејзините блиски изразувајќи го сочувството на сите во фудбалскиот клуб Валенсија“, се додава во кусото соопштение.

Според шпанските медиуми, 33-годишната Соња од Германија, завршила студии по филологија во Валенсија, кога се вљубила во бело-црните и се запознала со нејзиниот сопруг кој бил голем навивач на „лилјаците“, и кој подоцна често ја посетувал во Германија. Тие во моментов живееле во градот Минстер, во Северна Рајна-Вестфалија, каде предавала шпански јазик. Соња во Барселона престојувала водејќи група германски ученици на студиска размена, кои исто така загинале во трагедијата во француските Алпи.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Иранките можат на стадион, нема препреки

Сестрата на починатиот Сала гневна поради споделени фотографии од телото на фудбалерот

Роналдињо и Сушиќ еден до друг пред „Паркот на принцовите“

Најдобриот голман на светот ќе добие посебна награда

Бугарите подготвуваат спектакл со ѕвездите од 1994 година

Ана Ололовска

Почина тренер рекордер кој водеше 55 екипи од 32 земји

Ана Ололовска

Leave a Comment

four + 14 =