Во Охрид по седми пат се одржува Отвореното првенство во одбојка на песок

Од:

Дванаесет екипи од Македонија, Бугарија, Албанија и Косово учествуваат на седмото по ред Отворено првенство во одбојка на песок – Охрид 2013 што се одржува на окажата „Бафало“ во Охрид.

Турнирот беше отворен со натпреварите за рекреативни натпреварувачи и одбојкари до 20 години, додека професионалниот турнир ќе стартува утре и ќе трае до недела кога ќе се одржат и финалните средби.

Од  страна на македонските екипи за највисок пласман се очекува да се борат тимовите на Дејан Симовски и Кристијан Ристевски во машка, и Власта Ружиновска и Сандра Георгиевска во женска конкуренција.

Минатата година најуспешни во двете категории беа косовските екипи Никчи и Хусај односно двојката Ибраими – Јашари, кои и оваа година се пријавени на турнирот и ќе ги бранат ланските титули.

Финалните натпревари во двете категории ќе се играат в недела од 18 часот, а натпреварите ќе бидат пренесувани во живо на програмата на Македонската  телевизија.

Паралелно со професионалниот турнир, викендов ќе се играат и натпреварите  од компанискиот турнир.

Би можело да ве интересира

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ

Македонските одбојкари подготвени за утрешниот старт на ЕП во Скопје

Два контролни натпревари на македонските одбојкари против Романија

ВИДЕО: Потресна снимка од последните моменти на одбојкарката пред смртта

Катерина Ѓуровски

Позната одбојкарка пронајдена мртва, паднала од прозорец на хотелска соба