Во фудбалското второлигашко дерби на крајниот Исток, Саса подобра од Слога Виница

Од:

Во второлигашкото дерби во источната конкуренција, фудбалерите на „Каменица Саса” денеска славеа во дуелот со екипата на „Слога 1934″ од Виница. Домашната екипа иако играше без неколку стандардни првотимци, со двата гола на Саше Дуков, беше подобар тим на натпреварот, кој согласно протоколите за заштита од Ковид-19 се играше без присуство на публика. За стручниот штаб на домашната екипа, победата беше повеќе од заслужена.

-Нашите фудбалери одиграа добар натпревар и заслужено ја победија екипата на Слога од Виница. Иако бевме ослабени бидејќи во игра не влезе капитенот на тимот, Дани Гоцевски и веќе подолг период играме без нашиот Ален Миленковски во одбраната, сепак со многу желба за победа, со головите на Саше Дуков во 55′ и 62′ минута од натпреварот заслужено славевме, истакнаа од таборот на ФК ,,Каменица Саса”.

Додадоа дека фокусот на екипата веднаш ќе биде ставен на натпреварот со Победа во Прилеп кој се игра наредниот викенд.

-Простор за славење нема, туку ни претстои работа, слога и сериозен пристап во секој еден тренинг на секој натпревар, додадоа од ФК „Каменица Саса”.

Упатија честитки до екипата на “Слога 1934” за коректниот натпревар, како и до судиската четворка за одличното судење.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска