Во екот на Олимпијадата, рекорден број новозаразени во Токио од почетокот на пандемијата

Од:

Токио, 27 јули 2021 (МИА) – Токио денеска го пријавија својот најголем број заразени со коронавирус во текот на едно деноноќие – рекордни 2.848 случаи од почетокот на пандемијата.

Бројката е регистрирана само неколку денови откако јапонската престолнина на 23 јули и официјално стана домаќин на Летните олимписки игри.

Претходниот рекорд според бројот на новорегистрирани случаи на коронавирус во Токио изнесуваше 2.520, колку што беа регистрирани на 7 јануари.

Во Токио на сила се вонредни епидемиолошки мерки додека траат Олимписките игри,

Олимпијадата се одржува без присуство на гледачи, а огромен процент од јапонското население се противеа Токио да биде домаќин на најголемата спортска манифестација.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија

Јапонците испишаа историја: Слим слета на Месечината и оствари контакт

А1он