Во Австрија ќе дозволат публика на фудбалските стадиони во последното коло

Од:

По речиси шест месеци во кои натпреварите во австриската Прва фудбалска лига се играа пред празни трибини, публиката на крајот од сезоната ќе се врати на стадионите ширум земјата со строго почитување на епидемиолошките мерки и во ограничен број.

По одлуката на Владата во Виена за релаксирање на епидемиолошките мерки од средината на мај, раководството на австриската Бундеслига одлучи последното прволигашко коло, на 21 и 22 мај, како и завршните натпревари во второлигашката конкуренција, на 23 мај, да се играат со публика на стадионите.

На трибините ќе биде дозволен влез на максимум 3.000 гледачи, кои ќе мораат да носат заштитни маски на лицата, и да поседуваат потврда дека прележале коронавирус, или, да приложат негативен тест или потврда дека се вакцинирани.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Србин е уапсен во Австрија за силување жена