Во април почнува производството на „Урус“, СУВ моделот на „Ламборџини“

Од:

Првиот човек на луксузниот италијански автомобилски бренд „Ламборџини“, Стефано Доменикали, потвреди дека првиот примерок на моделот „Урус“ од производните ленти ќе се симне во април.

Како што самиот објасни, станува збор за прототипови, а не сериски возила неменети за купувачите.

-Произвоството ќе почне во април, а на почеток ќе се направат неколку автомобили од претпродукциската серија. Ова е многу деликатен период за развојот на моделот, со оглед на тоа дека станува збор за целосно нов автомобил во нашата гама, објасни Доменикали.

Тој кааж дека со појавувањето на „Урус“ на пазарот потребно е едуцирање на продавачите во претставништвата на „Ламборџини“ низ цел свет, за тие да можат до детали да се запознаат со новото возило.

Претходно беше најавено дека продукцискиот СУВ „Урус“ во продажните салони ќе пртистигне во 2018 година, а како ќе изгледа конечната верзија на овој модел, чиј концепт беше претставен во уште во 2012 година, можеби ќе се дознае веќе во март на саемот на автомобили во Женева.

Едно е веќе сигурно – „Урус“ е многу важен за иднината на италијанскиот производител со оглед на тоа што со неговата појава на пазарот годишното производство на автомобили на брендот „Ламборџини“ треба двојно да се зголеми.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска