Влахо: Посакуваме триумф во дербито со Вардар

Од:

Тренерот на Работнички, Александар Влахо посакува освојување на трите бода на денешниот дерби дуел против Вардар во 3. коло од Првата македонска фудбалска лига.

– Нема што многу да криеме меѓусебно, добро се познаваме со Вардар. Верувам дека нашите фудбалери ќе го исполнат зацртаното и на крај ќе се радуваме на победа. Мора да се истакне дека Вардар сега силно ќе атакува на триумфот затоа што е под еден вид притисок по двата почетни натпревари без постигнат гол. Но, и со предност ако се знае дека изминатава недела немаше натпревар во Купот, изјави Влахо.

Работнички за денешната пресметка на „Тодор Проевски“ нема да може да смета и на неколку фудбалери кои имаат повик во репрезентацијата до 18 години.

Тоа е и еден мал дополнителен хендикеп за нас. Поради повреда нема во комбинација да биде и Страхиња Крстевски, но без разлика на се секако размислуваме само на победа. Во секој случај, ќе бидат квалитетен натпревар во кој на крајот ќе слави оној со поголема желба на теренот, вели тренерот на „романтичарите“ во изјава за клупскиот сајт.
Натпреврот ќе се игра на националната арена „Тодор Проевски“ со почеток од 17 часот.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска