Виничиус влегува во договорот за Нејмар

Од:

Претседателот на Реал Мадрид има неочекуван адут во рацете за привлекување на Нејмар од Пари Сен Жермен – Виничиус Жуниор, пишува „АС“.

Според мадридското издание, младиот Бразилец е исклучително посакуван од спортскиот директор на парижаните, Леонардо.

Виничиус имаше одлични настапи минатата сезона и покажа одлични квалитети.

Сепак, Зинедин Зидан не е убеден дека Бразилецот има место во неговиот состав. Леонардо изрази желба да го вклучи Виничиус во можна зделка, при што неговото прво барање веднаш беше одбиено од газдите на клубот.

Од „Парк де пренс“ двапати се обидоа да го земат талентот, но повторно одговорите беа негативни. Спортскиот директор на ПСЖ гледа во Виничиус фудбалер со одличен квалитет и во исто време многу дисциплиниран на и надвор од теренот.

Младиот Бразилец се проценува на околу 70 милиони евра, а ПСЖ инсистира на договорот за Неј да биде близу 250 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Официјално: Реал Мадрид го отстапи „јапонскиот Меси“

Гризман изненаден од гласините дека е против доаѓање на Нејмар

Ана Ололовска

Навас поднесе барање да си замине од Реал

Ана Ололовска

Ривалдо го обвини Меси за неуспехот на Кутињо

Азар ќе ги пропушти следните два натпреварa на Реал

Ана Ололовска

Де Геа не е прв избор кај новиот селектор

Ана Ололовска