Виничиус и Марсело нема да играат на Копа Америка

Од:

Бразилскиот селектор Тите ја објави групата на „селесао“ за претстојниот турнир во Копа Америка, кој ќе се одржи во Земјата на кафето помеѓу 14-ти јуни и 7-ми јули. Дефанзивецот на Реал Мадрид, Марсело и талентираниот напаѓач на „белиот балет“ Виничиус Жуниор, изненадувачки не беа повикани.

Пред два месеца, младиот Виничиус беше во одлична форма, но повредата привремено го прекина неговиот развој. Во оваа сезона, 18-годишниот играч има три гола и девет асистенции во 28 натпревари. Едно од откритијата на Ајакс, Нереш беше повикан на позицијата на лево крило.

Марсело пак одигра една од најлошите сезони во неговата кариера и очигледно тоа не му се допадна на бразилскиот стратег.

Од составот на Реал Мадрид довербата на Тите ја добија Каземиро и новото засилување Милитао.

Барселона исто така има двајца претставници – Филипе Кутињо и Артур.

Групата на Бразил за Копа Америка:

Голмани: Алисон, Едерсон, Касио

Одбрана: Дани Алвеш, Фагнер, Алекс Сандро, Филипе Луис, Тиаго Силва, Маркињос, Миранда, Милитао

Среден ред: Каземиро, Фернандињо, Артур, Алан, Пакета, Кутињо, Нејмар, Евертон, Нереш

Напад: Ричарлисон, Фирмино, Габриел Жезус.

Би можело да ве интересира

Копа Америка ќе се игра во САД

ВИДЕО: Меси замолкна соиграч кога почна да пее песна навредлива за Бразил и Пеле

Жарко Настоски

Меси играл повреден во финалето на Копа Америка

Ана Ололовска

Аргентина ја освои Копа Америка

Ана Ололовска

Нејмар и Меси прогласени за најдобри играчи на Купот на Америка

Ана Ололовска

Колумбија го победи Перу во меч за третото место во Купот на Америка

Ана Ололовска