Вилаш-Боаш: Нејмар можеше да ги победи Роналдо и Меси во борбата за Златната топка

Од:

Тренерот на Олимпик Марсеј, Андре Вилаш-Боаш смета дека напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Нејмар можеше да стигне до признанието Златната топка и да биде подобар од Роналдо и Меси.

Според експертот, Бразилецот тешко дека ќе може да се врати на нивото што го покажуваше кога беше член на Барселона пред да се пресели во Париз.

За мене, Нејмар беше играч кој можеше да ги победи Кристијано Роналдо и Меси во борбата за Златната топка. Не верувам дека може да ги врати тие карактеристики што ги демонстрираше во Барселона, изјави Вилаш-Боаш.
Нејмар во последните две сезони често се соочува со повреди и бележи пад на формата. Се уште не се знае каде ќе ја продолжи кариерата, бидејќи за него се заинтересирани Барселона и реал Мадрид, но останува да се види дали некој од двата шпански великана ќе постигне договор со ПСЖ и Бразилецот.

Би можело да ве интересира

Роналдо не е е задоволен во Саудиска Арабија-ќе се враќа во Португалија

Предраг Петровиќ

Словенецот кој го бакна Роналдо сред терен ќе мора да плати 1000 евра

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Роналдо нема мир во Љубљана: Навивач истрча на терен да направи селфи

Горан Наумовски

Навивач сакал да го удри Роналдо, реагирало обезбедувањето

Роналдо им се извини на Саудијците откако се фаќаше за меѓуножјето

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Роналдо им одговори со вулгарен гест на Саудијците кои извикуваа „Меси, Меси“

Предраг Петровиќ