Ендру Вигинс, Џабари Паркер и Жоел Ембид се избрани од првите три позиции на НБА драфтот.
Кливленд како прв пик го избраа Вигинс, Паркер како втор пик заврши во Милвоки, додека Ембид како трет пик беше избран од Филаделфија.
Во првите десет пика на годинешниот драфт уште се најдоа: Ерон Гордон (Орландо), Данте Ексум (Јута), Маркус Смарт (Бостон), Џулиус Рендал (ЛА Лејкерс), Ник Стаускас (Сакраменто), Ноа Вонлеј (Шарлот), Елфрид Пејтон (Филаделфија).
Дарио Шариќ, играчот на Цибона, е европски кошаркар кој е избран од највисоката позиција, него како 12-ти пик го одбра Филаделфија, а зад него се избрани Јусуф Нуркиќ како 16-ти пик (Денвер), Богдан Богдановиќ како 27-ми (Феникс), Никола Јокиќ како 41-ви (Денвер), односно како 52-ри и 54-ти Василије Мициќ и Немања Дангубиќ, и двајцата се избрани од Филаделфија.