Не веруваме дека Илон Маск токму ова го имал предвид кога на купувачите го понуди електричниот SUV Модел Х, но овој автомобил секако има широка употребна вредност, пишува Б92.
Иако има зголемено растојание од земјата и опција за погон на сите 4 тркала, Тесла Х пред се е замислен како возило кое најдобро се чувствува на асфалт, каде неговите возни карактеристики и перформанси најмногу доаѓаат до израз.
Дека Моделот Х може да одговори и на многу потешки предизвици покажува следната снимка. Пред автомобилот е поставена задача која обично ја вршат класичните теренци или трактори, влеча на приколка со дрва: И иако не очекувавме Тесла Х да ја видиме на една ваква задача, што тогаш да се каже за Ферари FF кој неговиот сопственик го користи за превоз на дрвена граѓа.