(ВИДЕО) Вознемирувачки сцени: Млад фудбалер падна и почина на терен

Од:

Тажна вест доаѓа од иранските фудбалски терени. Член на локалниот второлигаш Шохад Баболсар колабирал во седмата минута од натпреварот и иако му била укажана лекарска помош, тој починал на пат кон болница.

Вознемирувачката видео снимка покажува дека Амирхосеин Ширчи (23) ненадејно колабира на теренот додека соиграчите и членовите на противничката екипа избезумено го повикуваат медицинскиот персонал.

Му била укажана помош и со возило на Брза помош бил пренесен во блиската болница, но и покрај напорите на лекарите по пат починал.

Несреќниот фудбалер имал срцева болест, што го потврди и првиот човек на Баболсар.

Би можело да ве интересира

Иранските беспилотни летала „Шахед“ содржат европски компоненти

Мохаџер-10: Дрон со најдолг дострел во светот

Уапсен таткото на Махса Амини: Му се закануваа да не ја одбележи годишнина од смртта на ќерката

Годишнина од смртта на Махса Амини: Иранските власти стравуваат од немири

Горан Наумовски

САД ја запреа испораката на сурова нафта од Иран и запленија 980.000 барели

ВИДЕО: Терористички напад во џамија во Иран, четворица убиени