ВИДЕО: УЕФА ја претстави химната на Европското првенство

Од:

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денеска ја претстави официјалната химна на претстојното Европско првенство УЕФА ЕВРО 2020 под името „We Are The People“.

На песната зад која стои легендарниот холандски Ди-Џеј Мартин Гарикс гостуваат и Боно и Еџ од групата „U2“.

-Компонирањето музика за еден од најголемите спортски настани во светот заедно со Боно и Еџ, беше неверојатно искуство, изјави Гарикс за официјалниот сајт на УЕФА.

Химната ја слави основната тема на ЕВРО 2020 – заедништвото, особено во светло на сите предизвици со кои светот се соочува во денешницата, со акцент на уникатноста на завршниот турнир што за прв пат во историјата ќе се одржи ширум Европа.

ЕВРО 2020 ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули во 11 европски градови, а македонската фудбалска репрезентација своите натпревари во групната фаза ќе ги игра во Букурешт, против Австрија и Украина, и во Амстердам, против Холандија.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ