Екипата на Портланд успеа да се пласира во конференциското полуфинале на „Запад“ откако ноќеска во натпреварот број 6 ја постигна четвртата победа против Хјустон.
Победничкиот кош го постигна Дамјан Лилард на една десетинка пред крајот за триумф од 99:98 (4-2 во добиени натпревари). За Лилард тоа беше 25-ти поен, а поефикасен од него беше ЛаМаркус Олдриџ со 30 поени.
Портланд во полуфиналето ќе игра со победникот од дуелот Сан Антонио – Далас.
На другите два дуела ноќеска домашните екипи победија и воедно се изборија за мајсторка: Далас – Сан Антонио 113:111 (3-3 во победи) и Бруклин – Торонто 97: 83 (3-3).
Вечерва се играат натпреварите (сите мајсторки): Индијана – Атланта (3-3 во победи), Оклахома Сити – Мемфис (3-3) и ЛА Клиперс – Голден Стејт (3-3).