Австриецот Доминик Тим ја запиша првата победа на завршниот Мастерс во Лондон, откако синоќа по голема борба го совлада шпанскиот тенисер Карењо-Буста со 2-1.
Тим го доби првиот сет со 6:3, Буста возврати во иста мера во вториот, а во решавачкиот трет сет беше 6:4.
На првиот меч од втората рунда во групата „Пит Сампрас“, Григор Димитров беше поуспешен од Давид Гофин.
Пласман по 2. коло: Димитров 2-0 (победи-порази), Тим 1-1, Гофин 1-1, Буста 0-1, Надал 0-1.
Буста на турнирот е повикан како замена за Надал кој поради повреда предвреме ги заврши настапите.