ВИДЕО: Пред судот во Мелбурн рочиште за случајот Ѓоковиќ

Од:

На најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ му беше одбиена виза, а пред судот во Мелбурн во тек е итно рочиште за случајот Новак Ѓоковиќ пред судијата Ентони Кели, кој во првото сослушување ја поништи одлуката за укинување на австралиската виза на српскиот тенисер.

Австралиската влада го прифати предлогот да се одложи депортацијата на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ од Мелбурн, кому му беше повторно укината визата. Адвокатот на австралиската влада Стивен Лојд изјави дека владата нема да покрене постапка за депортација.

Тој рече дека за него е прифатлив распоредот според кој ќе се одржи целосното рочиште во недела. Ѓоковиќ вечерва по средноевропско време, односно в сабота наутро по локално време во Мелбурн ќе оди да разговара со имиграциските власти и дотогаш нема да биде во притвор.

Лојд му предложи на Ѓоковиќ потоа да биде со неговиот тим на адвокати, доколку двајца гранични полицајци се на ист кат, но тој да оди во притвор за имиграција по сослушувањето.

Српскиот тенисер би бил приведен во текот на ноќта, а потоа во недела би бил вратен на распит во адвокатската канцеларија.

Адвокатот на Ѓоковиќ, Ник Вуд, рече дека прифаќа дека владата има право да го приведе неговиот клиент, но предупреди на „медиумски циркус“ доколку тоа се случи. Адвокатскиот тим на Ѓоковиќ изјави дека секоја минута е драгоцена во овој процес, бидејќи Австралија опен започнува во понеделник.

Би можело да ве интересира

Хрватски медиуми: Иванишевиќ мораше да оди во Америка за да му биде врачен отказот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Новак се мачеше со Вукиќ, но победи во Калифорнија по пет години

Предраг Петровиќ

Алкараз: Синер може да го победи Ѓоковиќ

Ѓоковиќ се огласи: Лага

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Новак: Рафа, Роџер и јас не сме пријатели, но би сакал да бидеме

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ за обидите да го прогласат за антиваксер

Предраг Петровиќ