(ВИДЕО) Стоилов: Одигравме величествен меч, но вака мораме и со Иран

Од:

Во меч во кој за играч на натпреварот бепе прогласен Манасков, блескаше капитенот Лазаров, Борко Ристовски го чуваше нашиот гол во голем стил, одлични изданија и на сите останати наши членови на првиот тим и на оние кои добија шанса од клупата. Стојанче Стоилов во двата правци лавовски се бореше, покажуваше знаци на формата од Србија 2012 и покрај уморот по средбата на неговото лице видливо беше задоволството:

„Никој не очекуваше дека ќе одиграме вака квалитетно и дека ќе совладаме толку силен противник со 8 гола разлика. Но ние кои напорно работевме знаеме дека оваа репрезентација има квалитети и вредности. Но ова е само почеток и имаме уште многу да направиме на овој турнир. Мислам дека сега ќе играме уште подобро. Не треба да не залажува и наредниот противник. Иран е квалитетен ривал и мора сериозно да му пријдеме„ изјави по мечот Стојнан че Стоилов, автор на комплетен натпревар и во одбраната и во нападот.

www.lazarovkiril7.com

Би можело да ве интересира

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa